Во писмото, потпишано од 250 од 290 парламентарци, се наведува дека САД и европските потписнички треба да гарантираат дека нема да излезат од обновениот договор и дека нема веднаш да го активираат механизмот за обновување на санкциите ако Иран ги прекрши одредбите од договорот.
„Мораме да извлечеме поука од минатите искуства и да поставиме црвена линија на националниот интерес не обврзувајќи се на ниеден договор без претходно добивање на потребните гаранции“, наведуваат пратениците во писмото.
Изјавата е потпишана додека се преговара за заживување на нуклеарниот договор од 2015. Еден висок функционер на ЕУ кажа дека договорот би можел „многу брзо“ да биде постигнат.
Таквите услови на парламентот во клучен момент би можел да го ограничи маневарскиот простор на иранските преговарачи во Виена и да го загрози договорот. Иранскиот парламент постави и услов за враќање во договорот само ако се укинат сите санкции, вклучувајќи ги и тие поврзани со тероризмот, ракетната технологија и човековите права.
Со иранскиот парламент доминираат конзервативците лојални на највисокиот политички авторитет во земјата, ајатолахот Али Хамнеи.






