среда, 25 март 2026

Иран постави нови услови за премин на бродовите низ Ормускиот теснец

Иран им соопшти на Советот за безбедност на Обединетите нации и на Меѓународната поморска организација дека „ненепријателските бродови“ можат да поминуваат низ Ормускиот теснец ако прво се координираат со иранските власти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пораката доаѓа во време кога војната меѓу САД и Израел против Иран речиси го запре минувањето на околу една петтина од светската нафта и течен природен гас низ теснецот, предизвикувајќи значителни прекини во глобалните испораки, објави Ројтерс.

Писмото од иранското Министерство за надворешни работи беше испратено во недела до 15-члениот Совет за безбедност и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Исто така, во вторникот беше проследено до 176-те членки на Меѓународната поморска организација (ММО), агенцијата на ОН со седиште во Лондон, одговорна за безбедноста на меѓународната пловидба и спречување на загадувањето на морето.

„Ненепријателските бродови, вклучувајќи ги и оние што им припаѓаат или се поврзани со други држави, можат да го остварат правото на безбеден премин низ Ормускиот теснец во координација со надлежните ирански власти. Условот е тие да не учествуваат или да не поддржуваат агресија против Иран и целосно да ги почитуваат објавените безбедносни прописи“, се вели во писмото.

Во писмото се наведува дека Иран „презел неопходни и пропорционални мерки за да ги спречи агресорите и нивните поддржувачи да го искористуваат Ормускиот теснец за да спроведуваат непријателски операции против Иран“.

Се додава дека бродовите, опремата и секој имот што им припаѓа на Соединетите Американски Држави или Израел, „како и на другите учесници во агресијата, не се квалификуваат за безопасен или ненепријателски премин“. Фајненшл тајмс прв објави дека писмото било дистрибуирано до земјите-членки на ММО во вторник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ