“Како што повеќе пати реков, и ние сме подготвени за преговори – но чесни и достоинствени преговори, од рамноправна позиција, со меѓусебно почитување и врз основа на меѓусебни интереси”, порача Арагчи за време на телевизиски состанок со странски дипломати во Техеран.
Изјавите на иранскиот министер следуваа еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран „повикал на преговори“ додека неговата администрација разгледува потенцијални воени опции за интервенција против Техеран. Иранската влада претходните месеци постојано ја искажуваше својата подготвеност за преговори.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багаеи, потврди дека комуникацискиот канал меѓу Арагчи и специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, „останува отворен“. Тој изјави дека „секогаш кога е потребно, пораките се разменуваат преку тој канал“.
САД на почетокот на 2025 година учествуваше во индиректни преговори со Иран за неговата нуклеарна програма. Одржани се повеќе кругови разговори пред Израел да започне ненадеен напад врз Иран, по што во конфликтот се приклучи и Вашингтон, извршувајќи напади врз клучни нуклеарни постројки.
Техеран ги отфрли барањата на администрацијата на Трамп целосно да го запре збогатувањето на ураниум и да прифати ограничувања на својата ракетна програма.






