„Ќе влеземе во преговарачката сала со искреност и добра волја“, изјави Тахт-Раванчи за американското радио НПР, надевајќи се дека Американците ќе возвратат на добриот пристап на Иран.
„Доколку постои политичка волја од сите страни, верувам дека може да се постигне договор што е можно поскоро“, додаде заменик-министерот за надворешни работи на Иран, кој е втор ирански преговарач.
Тој нагласува дека „единствената тема на дискусија на претстојниот состанок во Женева е нуклеарното прашање“, како одговор на прашањето за иранскиот предлог што ќе ѝ биде презентиран на американската страна на преговорите во Женева.






