вторник, 24 март 2026

Иран почнува да наплаќа за премин низ Ормускиот теснец, бродовите плаќаат милионски износи

Иран почна да им наплаќа на бродовите за поминување низ Ормускиот теснец, еден од клучните светски транспортни правци за нафта и гас.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Некои комерцијални бродови сè почесто минуваат низ иранските територијални води преку таканаречениот „Техерански коридор за наплата“, каде што иранските сили ги проверуваат бродовите и во некои случаи наплаќаат за премин, според анализата на поморските податоци подготвена од Лојдс Лист.

„Најмалку два брода му платиле на Иран за безбеден премин, при што еден надомест изнесувал околу 2 милиони долари“, се наведува во анализата.

Станува збор за рута помеѓу иранските острови Кешм и Ларак, преку која бродовите влегуваат во иранските води за да избегнат безбедносни ризици во остатокот од теснецот.

Според достапните податоци, повеќе од 20 големи бродови досега поминале низ овој коридор.

Сообраќајот низ Ормускиот теснец останува намален поради конфликтот во регионот, но во последните денови е забележан мал раст. Најмалку 16 бродови поминале низ теснецот за краток период.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ