сабота, 28 февруари 2026

Иран објави каде сѐ напаѓал по нападите на САД и Израел (ВИДЕО)

Иран наведува дека цел на напад биле американски воени објекти во неколку земји од Персискиот Залив, како и дека испалил серија ракети кон Израел, откако САД и Израел започнаа напади врз ирански воени и владини цели.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Звукот на експлозии одекнуваше низ неколку земји во регионот додека противракетни системи беа активирани за да пресретнат дојдовни ракети.

Иран испали „десетици“ балистички ракети кон Израел, според Нур њуз, медиум поврзан со Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ). Нема извештаи за жртви.

Револуционерната гарда соопшти дека целите биле воздухопловната база Ал Удеид во Катар, воздухопловната база Ал-Салем во Кувајт, воздухопловната база Ал-Дафра во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и американската поморска база во Бахреин. Според иранските државни медиуми, цел била и воздухопловната база Мувафак Ал-Салти во Јордан, како и американската база во северен Ирак.

Обемот на штетата сè уште се утврдува. Неколку ракети беа испукани кон Обединетите Арапски Емирати и пресретнати. Парче од ракета паднало во станбена зона, при што загинал еден цивил, според официјалната новинска агенција на ОАЕ.

Ракета погоди американска поморска база во државата Бахреин. Нема извештаи за жртви.

Официјален претставник на Катар изјави дека Катар пресретнал две ирански ракети над територијата на земјата.

Началникот на Генералштабот на Кувајт изјави дека „системите за противвоздушна одбрана ангажирале дојдовни ракети“.

Јорданската војска објави дека воздушната одбрана успешно пресретнала две балистички ракети насочени кон Кралството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ