понеделник, 8 декември 2025

Иран објави анимација од напад врз Трамп (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Анимираното видео е направено по повод годишнината на убиството од 3 јануари 2020 на иранскиот генерал Касем Сулејмани, кој беше убиен во напад на американско беспилотно летало во Багдад.

На снимката, објавена вчера на сајтот на кабинетот на ајатолахот Али Хамнеи, се гледа како Трамп, на голф теренот во својата вила во Мар-а-Лаго на Флорида, е нападнат од ирански дрон.

Претходно месецов претседателот на Иран Ебрахим Раиси побара Трамп да се „прогони и убие“.

Врховниот верски поглавар на Иран, ајатолахот Хамнеи, изјави дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој го нареди атентатот врз иранскиот генерал Сулејмани, ќе биде заборавен на ѓубриштето на историјата откако ќе ја плати цената за убиствата направени низ светот.

Генералот Касем Сулејмани беше втор човек по моќта во Иран, веднаш зад ајатолахот.

Сулејмани се сметаше за креатор на големите ирански амбиции на Блискиот Исток. Тој како командант на специјалните ирански единици важеше за вистински ирански министер за надворешни работи во однос на војната и мирот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ