недела, 15 март 2026

Иран нападна италијанска база во Кувајт, уништи „незаменлив“ дрон

Утрово, со дрон е нападна базата Али Ал Салем во Кувајт, во која се сместени припадници на американската и италијанската војска.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Дронот погоди магацин и уништи беспилотно летало на италијанските воздухопловни сили. Генералштабот на италијанската одбрана соопшти дека никој не е повреден во нападот и дека целиот персонал е безбеден.

Италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Антонио Тајани го коментираше нападот на телевизијата Рете4.

„Нема никаков ризик или проблем за нашите војници. Кувајт е иранска воена цел поради присуството на американските бази“, рече Тајани.

„Нема да бидеме заплашени, ќе се придржуваме до нашите меѓународни обврски“, додаде тој.

Скај њуз објави, повикувајќи се на неименувани извори, дека погодениот дрон бил „незаменливо средство за спроведување оперативни активности“, велат изворите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ