„Ормускиот теснец сигурно ќе се отвори повторно, но не за вас; ќе биде отворен за оние кои ги почитуваат новите закони на Иран“, напиша Азизи на социјалната мрежа Икс, пренесува Би-би-си.
Тој додаде дека „47 години гостопримство се завршени засекогаш“, осврнувајќи се на периодот од Исламската револуција во 1979 година.
Азизи рече дека Трамп „конечно го остварил својот сон за „промена на режимот“ – но во поморскиот режим на регионот“.
Комитетот за национална безбедност на Иран исто така одобри план според кој Иран ќе почне да им наплаќа на бродовите што минуваат низ Ормускиот теснец, објави полуофицијалната новинска агенција Фарс.
Војната меѓу САД, Израел и Иран започна кон крајот на февруари кога американските и израелските сили започнаа напади врз ирански воени и нуклеарни цели, вклучувајќи ги базите на Револуционерната гарда и објектите поврзани со ракетната програма на Иран.
Иран возврати со ракетни напади и напади со беспилотни летала врз американските бази во регионот и врз цели во Израел и земјите од Персискиот Залив, додека конфликтите се проширија и на поморскиот сообраќај, особено во Ормускиот теснец, низ кој минува голем дел од светската нафта.
Тензиите продолжуваат да растат и покрај повремените сигнали за можни преговори, ниту една страна досега не покажа подготвеност за брз крај на конфликтот.






