недела, 22 март 2026

Иран му одговори на Трамп: Ако ја исполни заканата, ќе нападнеме цели за десалинизација

Иранската војска објави дека ќе ги нападне енергетската инфраструктура и постројките за десалинизација (процес на отстранување на соли и минерали од морска или солена вода) во регионот доколку Доналд Трамп ги оствари своите закани за уништување на термоцентралите на Иран.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Доколку непријателот ја нападне нафтената и енергетската инфраструктура на Иран, целта ќе биде целата енергетска, информатичка и инфраструктура за десалинизација што им припаѓа на САД и на режимот во регионот“, изјави Хатам ал-Анбија, портпарол на оперативната команда на војската, во соопштението објавено од новинската агенција Фарс. Тој не прецизираше за кој „режим“ мисли.

Доналд Трамп му даде на Иран 48 часа да го отвори Ормускиот теснец за поморски сообраќај или ќе се соочи со уништување на иранските електрани. Заканата од САД доаѓа откако две ирански ракети погодија два града во јужен Израел во саботата навечер, едната од нив во близина на нуклеарен истражувачки центар, при што беа повредени повеќе од 100 лица и беше предизвикана голема материјална штета.

Иако не беше најсмртоносниот напад во саботата навечер, беше најспектакуларен поради обемот на предизвиканата штета. Најмалку 88 лица се повредени, од кои десет тешко, во иранскиот ракетен напад врз градот Арад, според новиот привремен број на жртви објавен од страна на спасувачите.

Земјите од Заливот, вклучувајќи ги и ОАЕ, се исклучително зависни од десалинизацијата – процесот на претворање на морската вода во вода за пиење.

Стотици постројки за десалинизација во Заливот снабдуваат со питка вода околу 100 милиони луѓе. Додека Иран сè уште го добива поголемиот дел од водата од реки и подземни извори, Заливот располага со многу малку природни слатководни ресурси. Некои земји, како Кувајт, Оман и Бахреин, зависат од десалинизација за речиси целата вода за пиење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ