понеделник, 30 март 2026

Иран ја потврди смртта на врховен командант на морнарицата

Иран ја потврди смртта на командантот на морнарицата на Исламската револуционерна гарда, Алиреза Тангсири.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Израел и САД претходно тврдеа дека Тангсири е убиен во заеднички напад на 26 март. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац минатата недела изјави дека Тангсири е убиен заедно со други високи функционери на морнарицата во „прецизна и смртоносна операција“.

Иранските медиуми утрово објавија дека Тангсири починал од „сериозноста на добиените повреди“.

„Контраадмиралот на Револуционерната гарда, маченикот Алиреза Тангсири, кој – по силните напади во кои се уништени клучни непријателски објекти и инфраструктура и е соборен американски борбен авион – беше цел на агресивни непријатели додека ги организираше и зајакнуваше силите и го зајакнуваше одбранбениот штит на островите и бреговите, подлегна на сериозноста на повредите и му се предаде на Бога“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ