вторник, 24 февруари 2026

Иран ја изрече првата смртна казна на демонстрант за „непријателство кон Бога“

Маж во Иран е осуден на смртна казна под обвинение за „непријателство кон Бога“, што се верува дека е прва таква казна изречена од Револуционерниот суд поради учество во масовните протести во јануари.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Информацијата беше објавена денеска од извор близок до семејството на осудениот, пренесува Ројтерс.

Се верува дека илјадници луѓе се убиени во задушувањето на протестите, најлошите внатрешни немири во Иран од Исламската револуција во 1979 година.

За време на овие настани, американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Техеран дека може да нареди воена акција доколку бидат извршени егзекуции.

Иранското правосудство сè уште официјално не ја објавило пресудата за осудениот Мохамед Абаси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ