Ниту една од двете ракети истрелани кон базата не ја погодила целта, објави весникот, повикувајќи се на неколку американски претставници.
Според две официјални лица, едната ракета откажала во лет, а другата била соборена од американски воен брод.
Базата се наоѓа на изолиран остров во архипелагот Чагос, британска територија, Диего Гарсија е една од двете бази што Обединетото Кралство им ги отстапи на САД во петокот за употреба за „специфични одбранбени операции против Иран“, заедно со Ферфорд во Англија.
Станува збор за стратешки клучна база за САД, каде што нуклеарни подморници, бомбардери и разорувачи се стационирани во средината на Индискиот Океан, пренесува Франс прес.
Обединетото Кралство во 2025 година потпиша договор за враќање на суверенитетот над архипелагот Чагос на Маврициус, со задржување на правото на 99-годишен закуп за да се обезбеди континуирано работење на базата.
Британците кон крајот на шеесеттите и почетокот на седумдесеттите, за да изградат база, од архипелагот протерале околу две илјади локални жители, пренесува Ројтерс.






