Хатибзаде на 12 стратешка дебата во Абу Даби изјави дека Вашингтон му испраќа на Техеран контрадикторни пораки за нуклеарните преговори преку трети земји, објави денес Ројтерс.
„Техеран не бара нуклеарни бомби и… е подготвен да го увери светот во тоа. Ние сме многу горди на нашата домашна нуклеарна програма“, рече Хатибзаде.
Тој го обвини Вашингтон за „предавство на дипломатијата“ и дека преговорите за нуклеарната програма на Иран се заглавени по 12-дневната војна со Израел во јуни, во која на крајот беа вклучени САД, кои бомбардираа три ирански нуклеарни објекти, Фордоу, Натанц и Исфахан, на 22 јуни.
Соединетите Американски Држави, нивните европски сојузници и Израел го обвинуваат Техеран дека ја користи својата нуклеарна програма како покритие за напорите за развој на нуклеарно оружје, додека Иран тврди дека ја развива својата нуклеарна програма исклучиво за мирни цели.
Во октомври, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД сакаат да постигнат договор со Иран кога Техеран ќе биде подготвен за тоа.
Двете земји одржаа пет рунди нуклеарни преговори пред 12-дневната војна меѓу Иран и Израел во јуни.






