четврток, 29 мај 2025

Индиски министер: Светот мора да покаже нулта толеранција кон тероризмот

По индиските напади врз она што властите го опишаа како „терористичка инфраструктура“ во Пакистан и пакистанскиот дел на Кашмир, индискиот министер за надворешни работи Субрахманјам Џајшанкар изјави на платформата Икс дека „светот мора да покаже нулта толеранција кон тероризмот“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Индија изврши воздушни напади врз цели во Пакистан и пакистански Кашмир, а Исламабад одговори со тврдење дека соборил пет индиски борбени авиони, во најсериозниот вооружен конфликт меѓу двете нуклеарно вооружени држави во последните дваесет години.

Индиската страна објави дека биле погодени девет цели поврзани со „терористичка инфраструктура“, односно со нападот на исламистичките милитанти врз хинду туристите во индиски Кашмир минатиот месец, во кој беа убиени 26 лица.

Пакистан, од друга страна, тврди дека биле нападнати шест локации, дека осум лица се убиени, а 35 се ранети, додека две се водат за исчезнати.

Индиски извор од одбраната за Ројтерс изјави дека цели биле штабовите на екстремистичките групи Џаиш-е-Мохамед и Лашкар-е-Таиба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ