понеделник, 30 март 2026

Индија случајно испукала ракета на Пакистан

Објавено на

часот

Сподели

Воени експерти во минатото предупредуваа на ризикот од несреќа или погрешни проценки на нуклеарно вооружените соседи, кои водеа три војни и учествуваа во бројни помали оружени конфликти, обично околу спорниот регион Кашмир, пренесуваат агенциите.

„На деветти март 2022 година за време на рутинско одржување, а поради технички дефект дојде до случајно испукување на ракета“, се наведува во соопштението на индиското министерство за одбрана. Утврдено е дека ракетата паднала на територијата на Пакистан.

„Иако длабоко жалиме за инцидентот, претставува олеснување што немало загуба на животи поради несреќата“, се наведува во индиското соопштение.

Министерството за одбрана наведе дека индиската влада побарала истрага на високо ниво.

Пакистанските власти соопштија дека ракетата не носела оружје и дека се урнала во близина на источниот град Миан Чану, околу 500 километри од главниот град Исламабад.

Пакистанската канцеларија за надворешни работи го повикала дипломатскиот претставник на Индија во Исламабад за да вложи протест поради, како што наведе, неиспровоцираното кршење на воздушниот простор, кажувајќи дека инцидентот можел да загрози патнички летови и животи на цивили.

Пакистанскиот советник за национална безбедност Моед Јусуф на Твитер напиша дека е многу неодговорно од Индија што не го информирала веднаш Пакистан за ненамерното лансирање на проектилот кој паднал во таа земја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ