Ова е првото изјаснување на Маск во врска со ситуацијата откако го најави планот за купување на Твитер. Тој ја нарече одлуката на Твитер во јануари 2021 година да го блокира профилот на Трамп „грешка“.
„Мислам дека не би било правилно да му се забрани пристапот на Доналд Трамп, мислам дека тоа беше грешка. Јас би ја поништил трајната забрана. Основачот на Твитер Џек Дорси го дели моето мислење, не би требало да постојат трајни забрани“, кажа Маск.
Твитер во јануари 2021 на Трамп му го забрани користењето на мрежата поради немирите во Капитол. Самиот Трамп неодамна изјави дека никогаш повеќе нема да се врати на Твитер. Социјалната мрежа одби да ја коментира изјавата на Маск.






