четврток, 29 мај 2025

Илјадници верници на Крстниот пат во Ерусалим, бројот поголем од минатата година

Илјадници верници учествуваа на Крстниот пат во Ерусалим додека христијаните ширум светот го одбележуваат Велики петок.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во годините пред сегашната војна во Газа, десетици илјади луѓе доаѓаа на поклонение во кое се одбележуваат значајните моменти во последните денови на Исус Христос.

Меѓутоа, по ненадејниот упад на палестинската милитантна организација Хамас во јужен Израел на 7 октомври 2023 година, бројот на верници од странство драстично е намален.

Според известувачот на германската новинска агенција дпа во Ерусалим, бројот на учесници во овогодинешната процесија бил поголем отколку во 2024 година, при што повеќе луѓе дошле од странство и многу арапски христијани од Ерусалим.

Пеејќи и молејќи се, верниците одеа по улицата Виа Долорос. Некои носеле дрвени крстови како потсетник дека Христос мораше да го носи крстот на кој подоцна беше прикован.

Крстниот пат, кој се состои од вкупно 14 постојки, води до базиликата на Светиот гроб каде според верувањето на христијаните бил погребан Исус.

Според Ибрахим Фалтас, фрањевски свештеник и кустос на Светата земја, Израел дозволил само 6.000 христијани од окупираниот Западен Брег оваа година да влезат во земјата за прослава на Велигден.

Во Израел, земја со околу десет милиони жители, живеат само 180.000 христијани. Се проценува дека во Источен Ерусалим и Западниот Брег ги има околу 50.000 и приближно 1.000 во Појасот Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ