Во неодамнешната бура беа поплавени и уништени илјадници шатори низ Газа, дополнително влошувајќи ја хуманитарната криза.
Во соопштението се додава дека крајбрежната улица Ал-Рашид, долга околу 26 километри, е поплавена, при што се оштетени шаторите поставени долж сообраќајницата поради зголемување на морските бранови, пренесува Вафа.
Се нагласува дека екстремните временски услови ги влошиле страдањата на Палестинците кои живеат во шатори, кои обезбедуваат минимална заштита од дожд и ниски температури.
Делумно уништените куќи, исто така, се урнаа и претставуваат директна закана за животите на жителите, во отсуство на безбедни алтернативни засолништа.
Во соопштението се наведува и дека хуманитарните организации не се во можност да ги задоволат итните потреби на раселените лица поради сериозен недостиг на залихи и континуираните ограничувања наметнати од Израел за влез на помош во Појасот Газа.
Оперативниот штаб ги повика Обединетите нации и меѓународните организации да извршат притисок врз Израел да дозволи итен влез на монтажни станбени единици и опрема за згрижување, со цел да се ублажат страдањата на раселените лица и да се намалат ризиците со кои се соочуваат.






