сабота, 17 јануари 2026

Илјадници Данци против Трамп: Рацете подалеку од Гренланд (ФОТО+ВИДЕО)

Илјадници демонстранти се собраа денес низ Данска во знак на солидарност со Гренланд, поради заканите од американскиот претседател Доналд Трамп дека би можел да го анектира арктичкиот остров.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Демонстрантите побараа САД да го почитуваат правото на жителите на Гренланд на самоопределување.

Трамп претходно го истакна Гренланд како клучен за безбедноста на САД поради неговата стратешка положба и големите резерви на минерали, и не ја исклучи употребата на сила за негово заземање.

Демонстрантите на денешните протести извикуваа „Гренланд не е на продажба“. Тие, исто така, држеа транспаренти на кои пишуваше „Рацете подалеку од Гренланд“.

“Многу сум благодарна за огромната поддршка што ја добиваме како жители на Гренланд. Исто така, испраќаме порака до светот дека сите мора да се разбудите. Гренланд и Гренланѓаните без да сакаат станаа фронт во борбата за демократија и човекови права”, изјави Јулија Радемахер, претседателка на Уагута, организацијата на Гренланѓаните во Данска.

Протести се одржаа и на други локации низ Данска, како и во Нуук, главниот град на Гренланд.

Повторените изјави на Трамп за островот предизвикаа невидена дипломатска криза меѓу САД и Данска, двете членки основачи на воениот сојуз на НАТО, и беа дочекани со широка осуда во Европа.

Територијата на Гренланд со 57.000 жители, управувана со векови од Копенхаген, доби значајна автономија во 1979 година, но останува дел од Кралството Данска, кое ја контролира одбраната и надворешната политика и финансира голем дел од администрацијата.

Сите пет политички партии избрани во парламентот на Гренланд ја поддржуваат независноста, но не се согласуваат околу временската рамка за таков потег, а во последните денови изјавија дека би сакале да останат дел од Данска отколку да се приклучат на САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ