вторник, 31 март 2026

Илјадници американски војници пристигнаа на Блискиот Исток: Иран е во состојба на готовност (ФОТО)

Илјадници војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на американската армија почнаа да пристигнуваат на Блискиот Исток, изјавија за Ројтерс во понеделник две американски официјални лица.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Ројтерс првпат објави на 18 март дека администрацијата на Трамп размислува за распоредување илјадници дополнителни американски војници на Блискиот Исток, што би ги проширило опциите и би вклучило потенцијално распоредување сили на иранска територија.

Падобранците, со седиште во Форт Браг во Северна Каролина, им се придружуваат на илјадниците дополнителни морнари, маринци и сили за специјални операции кои веќе се распоредени во регионот.

Во текот на викендот, околу 2.500 маринци пристигнаа во регионот. Официјални лица, кои зборуваа под услов да останат анонимни, не прецизираа каде точно ќе бидат распоредени војниците, но овој потег беше очекуван.

Дополнителните копнени сили вклучуваат елементи на командата на 82-та воздушно-десантна дивизија, логистичка и друга поддршка, како и една бригадна борбена група.

Одлуката за испраќање трупи во Иран сè уште не е донесена, но тие ќе ги зајакнат капацитетите за потенцијални идни операции во регионот, изјави еден од изворите.

Војниците би можеле во војната со Иран да се користат за неколку цели, вклучувајќи обид за освојување на островот Харг, центар на 90 проценти од извозот на нафта од Иран.

На почетокот на месецот Ројтерс објави дека во рамките на администрацијата на Трамп се разговарало за операција за заземање на островот. Сепак, таков потег би бил многу ризичен бидејќи Иран може да достигне до островот со ракети и беспилотни летала.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ