недела, 21 декември 2025

И Русија и Украина користеле касетна муниција, вели Хјуман рајтс воч

Објавено на

часот

Сподели

Руските сили повеќе пати користеле касетна муниција во нападите во кои загинаа цивили и беа оштетени куќи, болници и училишта, се вели во извештајот.

Се чини дека и украинските сили користеле касетна муниција барем еднаш, се наведува.

Хјуман рајтс воч соопшти дека документирала неколку напади на руските сили во населените области во градовите Чернихов, Харков, Николаев и Вухледар.

ХРВ апелира двете земји да престанат да ја користат оваа муниција.

„Тие треба да се обврзат да се приклучат на меѓународниот договор за забрана на касетната муниција“, се вели во вчерашниот извештај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ