понеделник, 30 март 2026

И Грузија утре официјално ќе аплицира за членство во ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

Соопштението на Твитер го објавија Шалва Папуашвили, шеф на грузискиот парламент, и Николоз Самхарадзе, претседател на парламентарната Комисија за надворешни односи.

Нивните твитови беа преобјавени на официјалниот твитер-профил на Грузиски сон, владејачката партија во земјата.

Обидот на Грузија да се приклучи на европскиот блок доаѓа додека Украина од петни жили се труди да ја забрза сопствената апликација за членство. Претседателот Володимир Зеленски оваа недела потпиша официјално барање за пристап во ЕУ и утрово го повтори својот апел до ЕУ во видеообраќање до нацијата.

Европскиот парламент го прифати барањето на Украина за влез во Европската Унија и покрена специјална процедура за прием.

Претседателите на осум земји-членки на ЕУ – Бугарија, Чешка, Естонија, Латвија, Литванија, Полска, Словачка и Словенија – неодамна објавија отворено писмо во кое се залагаат за блокот да ѝ додели на Украина статус на кандидат за ЕУ.

Турскиот претседател Таип Ердоган синоќа ја повика ЕУ да ја покаже „истата чувствителност“ за турската апликација за пристапување во блокот што ја покажа за кандидатурата за членство на Киев, критикувајќи ги земјите-членки дека не се „искрени“.

„Ќе ја ставите ли Турција на вашата агенда кога некој и нас ќе нѐ нападне?“, праша Ердоган на прес-конференција во Анкара.

Турција најдолго чека да биде примена во ЕУ откако го поднесе барањето во 1987 година, Македонија ја поднесе апликацијата во 2004 година, Црна Гора поднесе барање за членство во 2008 година, а Албанија и Србија во 2009 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ