недела, 1 февруари 2026

И Германија е спремна да ги укине повеќето мерки во борбата против коронавирусот

Објавено на

часот

Сподели

„Врвот на заразата со омикрон помина, речиси истиот ден кога тоа и го предвидов пред еден месец“, кажа Лаутербах за весникот Билд.

„Тоа значи дека сега е можно умерено попуштање на мерките“, кажа германскиот министер за здравство.

Неговиот коментар доаѓа пред денешната средба на канцеларот Олаф Шолц и шестнаесет покраински премиери, на која ќе се зборува за предлозите за укинување на повеќето мерки против пандемијата, што ќе се случи во следните месеци.

„Мерките беа на место“, кажа Лаутербах за досегашната политика и мерките против ковид-19 во земјата.

„Ова ни овозможи значително да го намалиме бројот на смртни случаи и минавме низ омикрон бранот многу добро во споредба со други земји“, додаде.

Лаутербах, кој е социјалдемократ, но и епидемиолог, првично предвидуваше дека бројот на дневни инфекции би можел да достигне 400.000. Таа бројка на дневни зарази не е достигната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ