понеделник, 22 декември 2025

И Бугарија бара изземање од ембаргото на ЕУ на руската нафта

Објавено на

часот

Сподели

„Нашата позиција е многу јасна. Ако има изземање за некои земји, и ние сакаме да го добиеме тоа изземање. Ако не го добиеме, нема да ги поддржиме санкциите“, кажа Василев за националната телевизија БНТ.

Тој сепак наведе дека не очекува да дојде до тоа, врз основа на актуелните разговори кои лидерите на ЕУ ги продолжија денес.

Унгарија, Словачка и Чешка, кои во голема мера зависат од руската сирова нафта, не можат да обезбедат алтернативни извори и побараа изземање од предлогот за забрана на увоз на нафта од Русија.

Изземање побара и Бугарија бидејќи, како што кажа Василев, на единствената бугарска рафинерија во црноморското пристаниште Бургас ѝ треба време да го унапреди процесот за преработка на нафта која нема да биде руска.

Според првичниот план, сите земји членки на ЕУ би требало да престанат да ја купуваат руската сирова нафта и руските рафинирани производи до крајот на 2022 година.

Со изменетиот предлог на Унгарија, Словачка и Чешка им се дава време да ги унапредат рафинериите и гасоводите за да можат да добиваат нафтени деривати од други локации, и така енергетски да се одвојат од Русија до 2024 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ