„Хрватска знае како е да се биде под воена агресија и продолжува да ѝ пружа политичка, дипломатска, финансиска, хуманитарна, техничка и секаква друга можна помош на Украина, како и помош во згрижувањето на украинските бегалци“, соопшти кабинетот на Пленковиќ.

На состаноците украинскиот државен врв ќе го запознае Пленковиќ со последиците на руските напади, а ќе се разговара и за понатамошна помош и продолжување на европскиот пат на Украина.
„Посетата на Пленковиќ е израз на солидарност и поддршка на украинските власти и пријателскиот украински народ, кој е жртва на брутална руска агресија“, истакна кабинетот на хрватскиот премиер.






