петок, 12 декември 2025

Хрватскиот премиер: До 2030 ќе заштитиме 30 отсто од хрватското море

Објавено на

часот

Сподели

„Заштитата на океанот, најголемиот екосистем на Земјата, е еднаква на заштитата на нашата планета, зачувувањето на нашиот биодиверзитет, нашиот живот“, кажа Пленковиќ на самитот Уан оушн.

Пленковиќ учествува на самитот на покана на францускиот претседател Емануел Макрон.

Пленковиќ смета дека заштитата на океанот и морето е неопходна и дека Хрватска како поморска земја треба да биде пример во борбата против загадувањето на океаните и морињата.

Океаните апсорбираат третина од светските емисии на јаглерод и имаат важна улога во снижувањето на глобалната температура, но не се имуни на климатските промени и човечкото влијание и треба да се заштитат.

Хрватска забрани пластични ќеси и пластични производи за еднократна употреба како сламки и стапчиња за уши, а планира да придонесе и на глобалната цел на заштита на океанот, кажа Пленковиќ.

„До 2030 година ќе заштитиме 30 отсто од морското подрачје под наша јурисдикција“, вети хрватскиот премиер.

Пленковиќ по говорот на Твитер напиша дека „зачувувањето на океанот е еден од најважните глобални предизвици“ и дека „на 40-годишнината на Конвенцијата за правото на морето, мораме да направиме максимален напор за да склучиме договор за зачувување на биодиверзитетот надвор од националните законодавни рамки“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ