вторник, 31 март 2026

Хрватскиот министер за одбрана: Леталото имало бомба која не експлодирала (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Истрагата влезе во завршна фаза. На почетокот на истрагата добивме сознанија дека на одделни фрагменти има елементи на експлозив и мораше да се пристапи повнимателно на вадењето на леталото за да се отстрани ризик од некаков трагичен настан. Затоа беше и испразнето подрачјето. Најдена е црната кутија, очекуваме од неа да ги извлечеме податоците за летот. Тоа ќе го споредиме со вториот крак на истрагата, кој го работиме со членки на НАТО, и врз основа на радарските рефлексии ќе реконструираме точно од каде дошло леталото“, кажа Баножиќ.

Потврди дека се најдени делови од бомба.

„Најдени се траги од експлозив и траги кои упатуваат дека ова не било разузнавачко летало. Најдовме траги од авионска бомба. Заклучивме дека е исто така од советско производство, како и другите елементи, и е одвезена од подрачјето. По анализата ќе можеме да кажеме кои ѝ се видот и намената. Засега можеме да кажеме дека станува збор за авиобомба која се користела на авионите од советско производство“, кажа хрватскиот министер.

„Ова, освен локацијата, го поставува и прашањето и од чија страна е – руска или украинска. Постојат елементи дека можело да дојде од двете страни. Ова подрачје сега е безбедно, нема експлозивни средства, но воената полиција и МУП ќе проверат дали нешто останало. Леталото е извадено“, кажа Баножиќ.

Кажа дека бомбата повеќе ја нема. „Имало бомба, ја нема веќе. Тоа е минато свршено време“.

Новинарите повторно го прашаа за НАТО.

„Со сојузниците ќе се спроведе детална анализа за сè што се случувало. Јасно е дека не сме задоволни со реакцијата на земјите од НАТО Унгарија и Романија, кои многу порано го виделе објектот но не реагирале“, кажа хрватскиот министер за одбрана.

[video:https://youtu.be/d2YFki83_Bc autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ