понеделник, 8 декември 2025

Хрватската полиција пристигна во Белград

Објавено на

часот

Сподели

Допатувала за да се информира за работата на српската полиција и за понатамошниот тек на истрагата за случајот на исчезнувањето на хрватскиот државјанин Матеј Периш.

Членовите на високата делегација на министерството за внатрешни работи на Хрватска ги примиле министерот за внатрешни работи на Србија Александар Вулин и началникот на полициската управа за градот Белград и помошник директор на полицијата Веселин Милиќ.

На состанокот присуствувал и таткото на исчезнатото момче, Ненад Периш.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ претходно го најави пристигнувањето на хрватската делегација и наведе дека цело време се работи на два колосека.

Кажа и дека сака да добие целосна слика за случајот на исчезнатото момче како и дека сака да учествува во истрагата и да помогне во потрагата по исчезнатио граѓанин на Сплит.

Хрватскиот премиер ѝ се заблагодари на полицијата во Србија, но соопшти дека во земјата се испратени хрватски полицајци.

„Дадов налог во Белград да се испрати екипа на наши претставници на полицијата за да бидат вклучени во текот на истрагата. Она што е клучно е семејството, но и целата јавност во Хрватска, да добијат детални информации и слика за исчезнатото момче“, кажа Пленковиќ.

Додаде дека сè уште недостигаат информации за тоа што му се случило на Периш.

„Според тоа што го добивам, немаме целина што се случило. Во овој момент не можам да коментирам туѓи изјави. Мене ми е важно да дознаеме што се случило“, кажа хрватскиот премиер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ