Орбан, во интервју за заедничкото ембарго на Европската Унија за руската нафта, на кое Унгарија се противи, зборуваше за тоа дека земјите кои имаат мориња и пристаништа можат да донесат нафта со танкери.
Потоа даде изјава со која имплицираше дека хрватското море ѝ е одземено на Унгарија.
„Да не ни го земеа морето, и ние ќе имавме пристаниште“, кажа Орбан.
На оваа изјавата на унгарскиот премиер стигна одговор од хрватското министерство за надворешни и европски работи, во три реченици.
„Хрватска ја осудува изјавата на претседателот на унгарската влада Орбан. Ги осудуваме, исто така, сите територијални претензии кон други суверени држави. Унгарскиот амбасадор во Република Хрватска е повикан во министерството за надворешни работи на разговор, додека амбасадорот на Хрватска во Унгарија побара разговор во надлежното министерство очекувајќи објаснување на ваквите изјави кои непотребно ги нарушуваат нашите добрососедски односи“, се наведува во одговорот.






