понеделник, 30 март 2026

Хрватска одби протестна нота од Русија: „Немам врска со платениците“ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Тој вчера во Москва беше повикан во руското министерство за одбрана, каде беше предупреден дека Русија знае дека во Украина стигнале хрватски платеници кои се борат во редовите на силите на Киев, пренесува ТАСС.

Портпаролот на руското министерство за одбрана генералот Игор Конашенков кажа дека на украинските борци досега им се придружиле околу 200 платеници од Хрватска.

„На воениот аташе му е кажано за незаконските активности на хрватскиот државјанин Денис Шелер, кој учествувал во борбените дејства на југоистокот на Украина во 2015 година, а сега организирал групи хрватски платеници за да ги испрати во Украина“, кажа Конашенков.

Хрватското министерство за одбрана во свое соопштение истакна дека нивниот аташе одбил да ја прими нотата бидејќи „ни министерството за одбрана, ни која било друга институција во Хрватска немаат врска со поединци кои можеби се наоѓаат во Украина и немаат информација за тоа“.

Руската страна истакна дека Хрватите и Русите се братски народи, но е загрижена поради тоа што Загреб не го осуди официјално заминувањето на хрватски државјани во редовите на украинската војска.

[video:https://youtu.be/k0FitVQxDMM autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ