понеделник, 30 март 2026

Хрватска бара од САД да размести противвоздушен систем „патриот“

Објавено на

часот

Сподели

Таму ќе бара американската војска во Хрватска привремено да размести противвоздушен систем „патриот“, пишува Јутарњи лист.

Во четвртокот, одговарајќи на прашањето на Јутарњи лист дали се разговара со сојузниците за помош во тој сегмент, хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ најави разговори за таа тема во Вашингтон следната недела, а ќе се разгоара и за системот „патриот“.

Станува збор за систем кој американската војска неодамна го постави во Полска во рамки на одбраната на НАТО.

Три американски системи се стационирани во Германија, од каде американската војска ги разместува во Европа.

„Патриот“ содржи мултифункционален радар кој истовремено врши надгледување на воздушниот простор, откривање и следење на цели и ракети, означување на цели и предавање на команди за наведување ракети.

Вкупната маса на ракетата е 1.000 килограми, а со контејнер 1.600 килограми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ