Човиќ во писмото изрази длабоко уверување дека одржувањето легитимни и правични избори би означило крај на длабоката политичка криза во БиХ, особено во Федерацијата.
Укажа дека преговарачкиот процес, како што наведе, ги соголил поинаквите улоги и цели од одредени актери.
„Не станува збор, значи, за легитимно „максималистичко барање“, како што често можеме да слушнеме, туку за опасен чин на непријателство кон хрватскиот конститутивен народ, кого сакаат да го сведат на статус на национално малцинство“, наведе тој.
Потсети дека одделни бошњачки преговарачи изразиле загриженост поради таквото барање, што укажува на погубноста на сличните малигни предлози за бошњачко-хрватските односи.
„Хрватскиот конститутивен народ бара и ќе продолжи да бара неговата уставна рамноправност во пракса да се почитува преку изборот на легитимни политички претставници и учеството во институциите и процесите на заедничкото одлучување. Тие очекувања не смеат да бидат сфатени како привилегија, туку како основно национално право кое важи и за останатите два конститутивни народи“, наведе Човиќ во писмото до меѓународните функционери, пренесуваат сараевските медиуми.






