понеделник, 30 март 2026

Холандскиот премиер: Невозможно е ЕУ целосно да го прекине снабдувањето со руски нафта и гас

Објавено на

часот

Сподели

„Мораме да разговараме за нашата зависност од руските енергенси. Нема да се залагам за прекин на испораките на нафта и гас од Русија“, кажа Руте на конференција за медиумите денес во Париз.

Кажа дека на Европската Унија ѝ е потребно снабдувањето со руски нафта и гас и дека тоа е „непријатната вистина“. Европската Унија вчера ги објави плановите за намалување на увозот оваа година и за ослободување од енергетската зависност од Русија пред 2030 година.

Британија претходно објави дека постепено ќе го укине увозот на руска нафта до крајот на 2022, а американскиот претседател Џо Бајден ја објави целосната американска забрана за увоз на руски нафта, гас и јаглен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ