Министерката за одбрана Кајса Олонгрен кажа дека заканите во светот и војната во Украина покажуваат дека мирот и безбедноста не можат да се земаат здраво за готово.
Дополнителните пари ќе го финансираат купувањето воена опрема во следните години, меѓу кои шест нови борбени авиони Ф-35 и уште четири дрона МК-9 „рипер“, покрај четирите кои веќе ги има.
Министерството за одбрана соопшти дека таа инвестиција значи дека Холандија ќе ги исполни договорените одбранбени трошоци на НАТО од два отсто од својот бруто домашен производ во 2024 и 2025 година и дека има цел да го ублажи недостигот од воени резерви и опрема.






