„Земјата повторно се отвора“, кажа денес на конференција за медиумите министерот за здравство Ернс Кујперс.
Владата најави дека работното време на баровите и рестораните ќе биде вратено на режимот пред пандемијата и објави крај на задолжителното носење на маски на повеќето јавни места како и прописот за социјално дистанцирање.
„Следниот петок се враќаме на вообичаените времиња за затворање“, кажа министерот.
Холандија воведе некои од најстрогите корона рестрикции во декември по скокот на бројот на случаи со омикрон сојот, пред да почне постепено да ги укинува.
„Мските сега ќе бидат задолжителни само во јавниот превоз и на аеродромите“, кажа министерот и додаде дека и понатаму умно да се биде претпазлив, да се носи маска и да се држи дистанца, но дека тоа повеќе не е задолжително.
Тој кажа дека пандемијата сè уште не е готова и дека чувствителните лица и понатаму треба да внимаваат.
Министерот ја презема должноста во новата влада на премиерот Марк Руте во јануари и брзо кажа дека сака да го врати општеството во нормала.






