Хилари Клинтон ја спореди руската воена инвазија на Украина со инвазијата на Авганистан на Советскиот Сојуз во 1979 година, истакнувајќи дека може да се постигне сличен резултат преку вооружување на украинскиот отпор слично како што Вашингтон ги поддржуваше муџахедините против својот ривал од Студената војна.
„Се сеќавате, Русите го окупираа Авганистан во 1980“, кажа поранешната американска државна секретарка во понеделникот во интервју за Ем-ес-ен-би-си. „И иако ниедна земја не влезе, нив многу земји ги помагаа со оружје и совети, а имаше и советници за тие што беа регрутирани да се борат против Русија“.
Како што забележа Клинтон, Авганистанската војна „не заврши добро“ за Советскиот Сојуз, и покрај нејзиниот статус на воена суперсила. „Имаше други непредвидени последици, како што знаеме“, додаде таа со насмевка, најверојатно мислејќи на фактот дека вооружувањето на радикалните исламисти во Авганистан го помогна подемот на Ал каеда и водеше кон нападите од 11 септември 2001 во САД, „но факт е дека многу мотивираниот и финансираниот и вооружениот отпор ги избрка Русите од Авганистан“.
Yeah that’s also how the US helped to create Al-Qaeda https://t.co/C5sZo9R5ni
— Auron MacIntyre (@AuronMacintyre) March 1, 2022
Операцијата Циклон на американската Централна агенција за разузнавање (ЦИА) им истураше милијарди долари во оружје на исламистичките борци во Авганистан во 1980-тите. Американската помош за муџахедините продолжи да тече дури и откако советските трупи го завршија своето повлекување во 1989, помагајќи им на бунтовниците во борбата против авганистанските владини трупи во граѓанската војна.






