Во соопштението, проиранската група изјави дека е „на прагот на голема историска победа“ и ги повика цивилите во јужен Либан засега да не се враќаат во своите домови.
Тие го повикаа населението да биде трпеливо „до официјалното објавување на прекинот на огнот во Либан“.
Израел продолжи со воздушните напади и копнените операции во јужен Либан, како и во јужните предградија на Бејрут.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно јасно стави до знаење дека договорот за прекин на огнот со Иран не се однесува на конфликтот со Хезболах.
Во соопштението, тие остро го критикуваа Израел.
„Овој подмолен и брутален непријател, обидувајќи се да избега од сликата за сопствениот пораз, може да прибегне кон нови потези за да создаде лажен впечаток за победа што не успеа да ја постигне на бојното поле“, рекоа тие.
Според извори блиски до Хезболах, како што пренесува Ројтерс, групата ги запрела нападите врз израелските сили по објавувањето на прекинот на огнот меѓу САД и Иран.






