Тој го оцени тоа како голем ден за светскиот мир, пренесува Си-би-ес њуз.
Во обраќање до новинарите, Хегсет рече дека операцијата ја направи иранската воена „борба неефикасна во годините што следат“.
Хегсет рече дека работата на Пентагон засега е завршена, но дека тој е „подготвен во позадина“
„Сега имаме шанса за вистински мир и вистински договор. Министерството за војна, засега, го заврши својот дел. Ние сме подготвени во позадина да обезбедиме Иран да се придржува до секој разумен услов. И како што сите знаат, никој не добива подобар договор од претседателот (Доналд) Трамп. Ние остануваме тука, не одиме никаде“, рече американскиот секретар за одбрана.
Тој призна дека Иран сè уште може да лансира ракети, како што, изгледа, направил денес кон различни држави од Персискиот залив, но и предупреди дека тоа е “многу, многу неразумно”.
„Тие сè уште можат да пукаат, тоа го знаеме. Нивната команда и контрола се толку ослабени што не можат навистина да разговараат и да се координираат, па затоа сè уште можат да пукаат тука и таму, но тоа би било многу, многу неразумно. Но, тие повеќе не можат да градат ракети, лансери или беспилотни летала“, истакна Хегсет.
Хегсет е првиот висок претставник на американската администрација кој директно им се обрати на новинарите откако беше прогласено примирје со Иран.






