четврток, 5 март 2026

Хегсет му порача на Израел: Продолжете до крај, со вас сме

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет му порача на својот израелски колега Израел Кац да продолжи до крај, дека САД се со нив, објави израелското Министерство за одбрана.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Хегсет и Кац разговараа по телефон во текот на ноќта, а израелскиот министер изрази сочувство за смртта на американските војници во конфликтот со Иран.

Кац, исто така, им се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп и на Хегсет за, како што рече, нивната голема поддршка за Израел.

„Соработката меѓу претседателот Трамп и премиерот Бенјамин Нетанјаху против Иран ја менува регионалната и глобалната историја“, се вели во соопштението од канцеларијата на Кац, според Тајмс оф Израел.

Хегсет, според претходните изјави на израелското Министерство за одбрана, исто така ја пофали невидената соработка меѓу војските на двете земји и можностите на Израелските одбранбени сили (ИДФ).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ