среда, 10 декември 2025

Хаос на протестот во Отава: гневни камионџии, Срби печеа прасе пред парламентот (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Откако дошло до неколку инциденти, полицијата отвори истрага, а меѓу инцидентите имало и знаме со кукаст крст и слика од жена како танцува на гробот на непознатиот војник.

[video:https://youtu.be/GEXMJsuEol8 autoplay:0]

Началникот на штабот на одбраната генералот Вејн Ејр ги осуди постапките на демонстрантите и кажа дека е згрозен од снимката на која се гледа како гола жена танцува на гробот на незнајниот јунак.

Во соопштението на полицијата се наведува дека се водат повеќе истраги за сквернавење на неколку споменици во главниот град, закани до полицајци и оштетување на возила.

[video:https://youtu.be/HA8icAEAqVc autoplay:0]

Возачите на камиони и вчера ги блокираа улиците околу канадскиот парламент во Отава, а градоначалникот Џим Вотсон кажа дека некои од нив малтретирале персонал на една менза и барале да им дадат бесплатни оброци, затоа што не им е дозволено да влезат во рестораните бидејќи одбиваат да носат маски.

Меѓу демонстрантите големо внимание привлекле и српските возачи на камиони. Некои од нив решиле пред парламентот во Отава да свртат ражен на кој печеле прасе.

Канадскиот премиер Џастин Трудо и членовите на неговото семејство поради безбедноста биле приморани да ја напуштат својата куќа во Отава и префрлени се на непозната локација.

Според официјалните податоци, од 120.000 возачи на камиони кои ја преминуваат канадско-американската граница вакцинирани се околу 90 отсто, што е многу повеќе од националниот просек од 79 отсто, но демонстрантите најавија дека ќе продолжат со протестите додека не биде укината задолжителната вакцинација.

Протестите станаа повеќе од барање за укинување на задолжителната вакцинација при преминувањето на границата и сега се бара укинување на обврската за вакцинирање во целата земја.

Премиерот Трудо претходно демонстрантите ги нарече „мало маргинално малцинство“ чие мислење не го дели мнозинството во Канада.

[video:https://youtu.be/n_51Ib1hZss autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ