петок, 2 јануари 2026

Хаос на аеродромот во Амстердам

Објавено на

часот

Сподели

„Шипхол ги повикува патниците да не доаѓаат на аеродромот, многу ни е жал што мораме да го направиме ова, но безбедноста треба да е загарантирана“, изјави портпаролот на аеродромот за Ројтерс.

Полицијата во попладневните часови ги затворила излезите на автопатот што водат кон аеродромот бидејќи редиците пред портите (гејтови) се протегале надвор од аеродромската зграда. На патниците им било препорачано да не доаѓаат најмалку 15 часа, додека персоналот на аеродромот работи на тоа да прими што повеќе патници на летовите кои често доцнат.

Вработените кои управуваат со багажот на КЛМ, холандската филијала на Ер Франс-КЛМ, започнаа ненајавен штрајк рано во саботата. Тие бараат повисоки плати и подобри услови за работа.

Персоналот на КЛМ е одговорен за приближно половина од целиот багаж што минува низ Шипхол, третиот најпрометен аеродром во Европа по парискиот Шарл де Гол и лондонскиот Хитроу. Синдикатот ФНВ соопшти дека штрајкот завршил околу пладне.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ