Трамп претходно се закани со „силен удар“ врз Иран доколку, како што изјави, за време на демонстрациите бидат убиени цивили, нагласувајќи дека САД внимателно ја следат ситуацијата во земјата.
„Ако може, нека управува со својата земја“, рече Хамнеи, коментирајќи ги изјавите на американскиот претседател.
Во меѓувреме, иранските власти оценија дека во сегашните околности нема реални изгледи за напредок во преговорите со САД, наведувајќи дека е потребно да се смири внатрешната ситуација и да се стави крај на надворешниот притисок.
Протестите во Иран траат од 28 декември. Првично, дуќанџиите и студентите, незадоволни од економската состојба по наглиот пад на националната валута и наглиот пораст на цените, излегоа на улиците. Демонстрациите започнаа на главниот пазар во Техеран, а потоа се проширија и во други градови.
Според Волстрит џурнал, најмалку пет лица загинале во судирите за време на протестите.






