недела, 1 февруари 2026

Хамнеи: Американците треба да знаат дека ако започнат војна, овој пат тоа ќе биде регионална војна

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека нападот на САД врз Иран би предизвикал регионален конфликт, објавија денес државните медиуми, во услови на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Американците треба да знаат дека ако започнат војна, овој пат тоа ќе биде регионална војна“, рече Али Хамнеи, според новинската агенција Тасним.

САД накратко го бомбардираа Иран за време на 12-дневната војна што ја започна Израел против Техеран минатата година.

Хамнеи рече дека антивладините демонстрации во јануари, во кои загинаа илјадници луѓе, наликуваа на обид за државен удар.

„Демонстрантите ја нападнаа полицијата, владините згради, касарните, Револуционерната гарда, банките, џамиите, го палеа Куранот, тоа беше вистински државен удар“, рече Хамнеи, додавајќи дека обидот не успеал.

Тензиите меѓу САД и Иран се зголемуваат, а во последните денови американскиот претседател Доналд Трамп не престана да се заканува со напади. Американската војска распореди десетина воени бродови во регионот.

„Трамп редовно вели дека довел бродови. Иранскиот народ нема да биде исплашен од ова, иранскиот народ нема да биде вознемирен од овие закани“, рече Хамнеи.

„Ние не сме иницијатори и не сакаме да нападнеме ниту една земја, но иранскиот народ ќе му зададе силен удар на секој што ќе нè нападне и вознемири“, додаде тој.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ