понеделник, 8 декември 2025

Хамас го обвини Израел дека користи убијци делфини како оружени сили во борбена опрема

Објавено на

часот

Сподели

Израелските сили го користеле делфинот да ги нападне луѓето-жаби на Хамас, но не е наведено кога тоа се случило.

Поморските оперативци на Хамас во морето ги гонел делфин опремен со направа која може да ги убие, кажал Абу Хамза, портпаролот на поморските командоси на военото крило на Хамас бригадите Ал Касам.

„Убијци делфини постојат, судејќи по она што го објави Хамас“, наведе на Твитер Џо Тразман, аналитичар во американската Фондација за одбрана на демократијата.

Член на единицата на Хамас луѓе-жаби го нашол делфинот убиец, а опремата која тој наводно ја носел е прикажана во публикација на таа организација.

Не е наведено како функционира и што е всушност таа направа, но Ал Кудс тврди дека се случил сличен инцидент во август 2015 година, кога морскиот цицач бил опремен со камера и оружје на далечинско управување кое може да испукува проектили како харпун.

Истиот весник тврди дека Хамас успеал да го фати тој делфин, но не наведува што се случило со него, и дали е сè уште во заробеништво.

Делфинот, како што наведува Би-би-си, израелските сили „против негова волја“ го претвориле во убиец.

Хамас е исмеан на социјалните мрежи поради најновото тврдење, а некои корисници на Твитер го поставија прашањето дали делфинот имал ласерско оружје, што е алузија на комедијата Остин Пауерс каде што негативецот бара ајкули со ласери.

Израел и претходно е обвинуван дека користел вооружени животни во воени цели.

Во 2010 година гувернерот на Синај Мухамед Абдел Фадил Шуша сугерираше дека смртоносните напади на ајкули во летувалиштето Шарм ал Шеик биле дел од операција на Мосад за да се нанесе штета на туризмот на Египет.

Една година подоцна властите на Саудиска Арабија држеа „во притвор“ мршојадец под сомнеж дека шпионира за Израел бидејќи им биле нејасни апаратите за следење кои ги носел.

Турските власти притворија сомнителна израелска птица во 2013 година, но ја пуштија откако утврдија дека нема опрема за надгледување.

Морски животни се користат во воени цели, но обично за надгледување, а не убиства како што тврди Хамас, наведуваат агенциите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ