недела, 14 декември 2025

Хамас ги повика арапските лидери да формираат коалиција и да извршат притисок врз Израел

Палестинската милитантна група Хамас вчера вечер изјави дека се надева дека на самитот на Лигата на арапски држави (ЛАС) и Организацијата за исламска соработка (ОИК) во Доха ќе биде донесена одлука за формирање меѓународна коалиција за да се изврши притисок врз Израел да ја прекине војната во Појасот Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Очекуваме да се преземат итни мерки за постигнување прекин на огнот во Појасот Газа, вклучително и формирање на меѓународен сојуз чии членови би можеле да извршат притисок врз Израел и неговите сојузници“, се вели во соопштението објавено од Хамас на Телеграм.

Раководството на Хамас исто така ги повика арапските лидери да „ги спроведат одредбите од Договорот за меѓусебна одбрана“ на Арапска лига и да воведат „сеопфатни санкции“ против Израел.

Хамас додаде дека неодамнешниот напад на Израел врз Доха докажува дека израелските власти „не бараат прекин на огнот и меѓусебно ослободување на затвореници, туку сакаат да ја попречат посредничката мисија“ на Катар.

Итен самит на Арапска лига и ОИК ќе се одржи во понеделник во Доха, а беше свикан како одговор на израелскиот напад врз членови на раководството на Хамас кои беа во една од резиденциите на палестинското движење во Доха.

Хамас ги негираше тврдењата на медиумите дека членови на неговата преговарачка делегација се убиени, признавајќи дека пет члена на групата биле убиени во нападот, вклучувајќи го и синот на лидерот на движењето во Појасот Газа, Калил ал-Хаја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ