сабота, 31 јануари 2026

Хакерски напад на иранска телевизија, десет секунди повици на убиство на врховниот лидер

Објавено на

часот

Сподели

Во програмата во 15:00 по локално време ненадејно била емитувана слика на Масуд Раџиви и неговата сопруга Марјам, а машки глас изговорил: „Поздрав до Раџиви, смрт за (врховниот лидер на Иран ајатолахот Али) Хамнеи“.

Потоа преку слики бил пуштен говор на Раџави. Тој не се појавил во јавност повеќе од две децении и се верува дека е мртов, а движењето го предводи Марјам.

Народните муџахедини на Иран, чии членови сега главно се наоѓаат во Албанија, не се огласија по овој повод.

Ваков инцидент не се случил со години, а се верува дека телевизијата ја контролираат припадници на разузнавачката агенција на Иран и на Револуционерната гарда.

Иранската телевизија соопшти дека се случил хакерски напад и дека истрагата е во тек.

Движењето е формирано како социјалистичка организација против владеењето на шахот Мохамед Реза Пахлави.

Тие извршиле повеќе атентати и бомбашки напади во Иран.

Подоцна пребегаа во Ирак и го поддржаа Садам Хусеин во војната против Иран во осумдесеттите години од минатиот век. Поради тоа ја загубија поддршката од многумина во Иран, иако и понатаму одржуваат мрежа во таа земја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ