недела, 15 март 2026

Гутереш: Руските војници во источна Украина не можат да бидат миротворци

Објавено на

часот

Сподели

„Кога војниците на една земја влегуваат на територијата на друга земја без нејзина согласност, тие не се непристрасни мировни сили. Тоа воопшто не се мировни сили“, изјави вчера Гутереш за новинарите во седиштето на ОН.

Генералниот секретар на ОН, исто така, рече дека Русија го нарушила територијалниот интегритет и суверенитет на Украина со признавањето на двете самопрогласени држави, таканаречената Доњецка Народна Република и Луганска Народна Република.

Путин набрзо нареди руски војници да бидат испратени на територијата под контрола на проруските сепаратисти за „да го одржуваат мирот“. Подоцна им рече на новинарите дека не рекол дека руски војници веднаш ќе бидат распоредени таму.

Гутереш рече дека е загрижен поради изопаченоста на концептот за одржување мир. Путин минатата недела рече дека Русија верува дека се врши геноцид врз Русите во источна Украина. Генералниот секретар на ОН го отфрли тврдењето на Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ