недела, 15 март 2026

Гутереш: Претседателе Путин, во име на човештвото…

Објавено на

часот

Сподели

„Претседателе Путин, во име на човештвото, вратете ги вашите сили во Русија“, рече Гутереш, говорејќи по состанокот на Советот за безбедност на ОН.

„Последиците од војната би биле погубни за Украина и далекосежни за глобалната економија“, рече тој.

И генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг остро го осуди рускиот „непромислен и неиспровоциран напад“ врз Украина и рече дека сојузниците на НАТО ќе се состанат за да ги решат последиците од „агресивните дејствија“ на Москва.

Рускиот амбасадор во ОН одговори дека неговата земја не е агресивна кон украинскиот народ, туку кон „хунтата“ во Киев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ