петок, 13 март 2026

Ѓукановиќ: Вучиќ ја руши стабилноста на регионот, ист е како Милошевиќ

Објавено на

часот

Сподели

Ѓукановиќ во интервју за албанската телевизија МЦН кажа дека регионалните алтернативи се секогаш добредојдени „бидејќи се полигон на кој се воспоставува соработката“, но дека Црна Гора со резерва гледа на Отворениот Балкан.

Тој кажа дека постојат други иницијативи како Берлинскиот процес кој „отвора значителни перспективи за поврзување на регионот и инфраструктурно поврзување со ЕУ“.

„Сега како алтернатива се обидува да се претстави Отворениот Балкан. На неа во Црна Гора се гледа со резерва. Повеќето идеи на Отворен Балкан веќе се содржани во други иницијативи, почнувајќи од Берлинскиот процес, преку ЦЕФТА… Логиката ни е дека не треба да се множат иницијативите туку нивните капацитети особено на оние под патронат на Берлин и Брисел“, кажа Ѓукановиќ.

Втората причина зошто со резерва гледа на Отворениот Балкан е тоа што се „нуди како некој вид алтернатива на Европската Унија“, и „некредибилноста на некои од луѓето кои ја промовираат таа иницијатива“.

Ѓукановиќ во тој контекст кажа дека пред сè мисли на Вучиќ „кој се обидува да се претстави како фактор на регионалната соработка, но е истиот човек кој ја урива сувереноста на соседните држави и ја руши стабилноста на регионот“.

„Тој по истата формула како (поранешниот српски претседател Слободан) Милошевиќ исконструира дека Србите во регионот се загрозени, дека е повикан да ги штити правата на Србите во соседните држави, почнувајќи од Црна Гора, загрозувајќи ја нејзината сувереност и загрозувајќи ја стабилноста на Балканот“, кажа претседателот на Црна Гора.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ